Неделава воените тензии на Блискиот Исток се поднамалуваат. Се смируваат и цените на горивата. Се смирува првичниот ценовен шок и во Македонија. Со мерката на Владата за намалување на ДДВ дополнително се помогна ситуацијата да се стави под контрола.
Секако, и понатаму треба внимателно да се следи ситуацијата. И таа што се случува на Блискиот Исток и таа како се однесуваат македонските трговци околу цените во маркетите.
Многу трговци во вакви ситуации си развиваат свои сценарија во кои граѓаните треба да го преплатат шокот кој често и самите го создаваат.
Не ретко, тие оправдувањето за зголемените цени го бараат во најавите од увозниците дека ќе има раст на цените, како и во предупредувањата што ги дале од стопанските комори и нивните економски аналитичари дека следува нов бран поскапувања.
Но прашањето е – дали ова е реален пазарен одраз или превентива, или пак прикриена алчност?
Искуството од минатото покажува дека цените растат веднаш, но ретко кога се враќаат назад. Граѓаните тоа најдобро го чувствуваат на својот џеб –
секојдневно, на каса.
Владата покажа дека има начин да го ублажи ударот кај горивата, со навремени мерки и интервенции, сега е време да покаже дека има начин да
ги заузда и апетитите на неодговорните трговци.





