Home АКТУЕЛНО Владата попладнево на разговори со пензионерите за покачување на пензиите

Владата попладнево на разговори со пензионерите за покачување на пензиите

0
Владата попладнево на разговори со пензионерите за покачување на пензиите

Премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска попладнево ќе седнат на маса со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионерите.

Со овој состанок, како што велат од Владата, продолжува дијалогот за предлог-новата методологија за покачување на пензиите.

Дијалогот почна на 18 февруари годинава кога во Владата се одржа првата отворена среба за новата методологија која треба да понуди одржлив и континуиран раст на пензиите. Според Владата, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд.