Владата пресече: од утре се укинува полицискиот час

Целосно престанува важењето на одлуката за забрана и посебен режим на движење, односно на полицискиот час. Ова пред малку го соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски.

-Полицискиот час се укинува од утре, објасни техничкиот премиер.

Тој соопшти дека од четврток 28 мај ќе може да почнат со работа угостителските објекти кои имаат тераси.

-Со прецизно утврден работен протокол ќе започне работата во отворените делови, односно терасите на угостителските објекти, а работата во затворените делови и во објектите кои немаат тераси ќе се реализираат во наредните фази, објасни Спасовски.

Од почетокот на идниот месец, на работа се враќаат сите што работеа од дома. Ова не важи за хронично болните и родителите на деца до 10 години, до почеток на работа на градинките.

-Овие одлуки се донесени бидејќи состојбата е под контрола, а зголемениот  број на новодијагностицирани изминатите денови е само резултат на непочитување на рестриктивните мерки, посочи Спасовски.

Тој рече дека Владата е во постојана комуникација со земјите во регионот и дека наскоро ќе може да се патува надвор од Македонија.

За потсетување: полицискиот час беше воведен пред повеќе од два месеци, на 21 март.

Претходна вестКомисијата за заразни болести демантира дека е за целосно укинување на мерките бидејќи граѓаните не ги почитувале
Следна вестГрадинките се очекува да се отворат на 15 јуни, ЈСП се врати на вообичаениот возен ред