Владата пресече: полициски час од недела во 11 часот до вторник во 05 часот

Полицискиот час за време на викендот че почне во недела во 11 часот и ќе трае до вторник во 05 часот. Ова пред малку го соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски преку Фејсбук.

-Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро, напиша Спасовски.