Темен режим Режим на светлина

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите

Десет милиони денари разлика во угостителските услуги на СОЗР Десет милиони денари разлика во угостителските услуги на СОЗР

Прогласена е кризна состојба во земјава поради зголемана појава на пожарите, во траење од 30 дена, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева по завршувањето на седницата на Владата. Оваа одлука е донесена по денешните состаноци поради сложеноста на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина.

-Ова на терен значи се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институции, Армијата, полицијата, противпожарната, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси, човечки, технички, логистички, со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, кажа Митева.

Таа рече дека Владата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја заради спречување поголеми последици.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12:30 часот имаше десет пожари на отворен простор, од кои 9 се уште активни, меѓу кои и оној во Опшина Чучер-Сандево помеѓу селата Блаце и Чучер, каде два дена гори мешана шума и ниска вегетација и кој утринава е ставен под контрола.

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов денеска кажа дека имало обид намерно повторно да се реактивира пожарот кај Чучер-Сандево, зашто додека пожарникарите го догасувале пожарот нашле фрлени дрвени палети премачкани со бензин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок

Следна објава

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК