Темен режим Режим на светлина

Владата со разни мерки се справува со кризата околу горивата, но планира ли и да штеди?

Владата со разни мерки се справува со кризата околу горивата, но планира ли и да штеди? Владата со разни мерки се справува со кризата околу горивата, но планира ли и да штеди?

Во Македонија, засега, нема опасност од недостаток на гориво, а цените остануваат стабилни. Владата успева да го менаџира процесот па имаме и најевтини горива во регионот, а и најавува дека има уште мерки со кои може да реагура ако светската криза се продлабочи.

Дали Владата планира и да штеди?

Во ЕУ, поради недостатокот на гориво, веќе пристигнуваат повици за штедење и рационално користење на бензините.
Не е лошо покрај контролата на цените и другите мерки, македонската Влада да покаже и поголема дисциплина во трошењето, на пример на горивата. И онака има премногу службени возила од кои значаен дел нерационално се користат. Воведувањето на црвените регистарски таблички сега во криза е малку, едноставно некои возила треба да се стават во гаражите, не мора секој раководител да се возика кај ќе му текне.

Таквите чекори не само што ќе донесат заштеди во буџетот, туку ќе заштедат и гориво кое не е лошо да го имаме во поголеми резерви. Воедно Владата така ќе биде и пример за граѓаните, оти и кај нив значаен дел користат возила и за до кафулето кое им е на 200 метри растојание од дома. Сепак е криза и треба некои навики да се сменат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Македонска марихуана запленета во Србија: СДСМ гледа одговорност во власта, ВМРО-ДПМНЕ им порачаа да ја проверат фабриката на Заев

Анкета: Што мислат граѓаните за партиите?

Следна објава
Со регрутација на еден милион „резервисти“, Иран се подготвува за американска копнена интервенција

Со регрутација на еден милион „резервисти“, Иран се подготвува за американска копнена интервенција