Владата запна работно: денес плочки на споменици, вчера шахти…

Споменикот на главниот скопски плоштад си ја доби плочката со која сега може да здивне и непречено да се презентира пред туристите и пред скопјани. Имено, поставена е мала табла на споменикот „Воин на коњ“ на која пишува дека и припаѓа на античката хеленска историја.
-Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ, стои на ознаката која ја осмисли и договори македонската влада.
Скопјани со иронија ја читаа плочката:
– Владата вака не запази ниту еден рок кои сама си го постави пред изборите за некоја работа да ја заврши, а таа да беше важна за народот, реагираше еден граѓанин.
– Волку самопонижување не сум видел. Вакви плочки има ли низ друг дел од светот, праша една жена.
Инаку, натписот е напишан на македонски, на албански и на англиски јазик, а самото поставување е оставено да го изврши Град Скопје.
На колку други споменици ќе бидат поставени слични плочки и дали на овој во центар ќе има само една или повеќе, засега не е познато.