ВМРО-ДМПНЕ објави нови документи за аферата со пасошите, ОЈО ќе истражува кој им ги дава

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска на прес-конференција објави нови документи во врска со аферата за издавање македонски пасоши на осомничени криминалци од странство.

Според тоа што го тврди тој, со пасоши се стекнале и водач на наркокартел од Албанија и платеник на Ковачкиот клан кој извршил обид за убиство во Украина.

Според фотографиите што ги покажа, на 17 јули 2019 шефот на наркоклан од Албанија, Флоријан Мусај, станал Наум Фило, роден на 22 јануари 1986 година со македонски пасош.

Стефан Џукиќ, осомничен за обид за убиство на еден од водачите на т.н. Ковачки клан, имал македонски пасош на име Каче Герги.

По брифингот пред два дена и вчерашната прес-конференција на лидерот Христијан Мицкоски, ова е трето излегување во јавнста на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со овој случај.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера побара од Обвинителството да истражи како овие документи стигнале до јавноста пред да биде завршена акција и ја обвини опозицијата за саботажа.

Денеска ОЈО соопшти дека ќе истражува дали и кои лице ги направиле достапни за јавноста информациите за акцијата пред да бидат поднесени кривични пријави.

Претходна вестПасошите за криминалците биле со идентитет на нашици од дијаспората
Следна вестЗа трагичниот настан со премрзнатиот овчар, засега дисциплинска само за оперативецот