ВМРО-ДПМНЕ: 2-ри август 1903 и 2-ри август 1944 ќе останат впишани како темелници на Македонија

30

ВМРО-ДПМНЕ им го честита Илинден на сите граѓани.

-2 август 1903 и 2 август 1944 ќе останат впишани како темелници на Македонија. На денешен ден пред 121 година народот го крена својот глас за слобода. Организирано, сплотено и со една мисла. Илинден ги сплотил сите под бајракот на слободата, слободата која ја живееме денее, е плод на искрата кој тогаш беше запалена, а се реализира 41 година подоцна на 2 Август 1944 година, се наведува во честитката од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Македонија денес е слободна, но борбата продолжува, за напредок, поубава иднина за сите“.

-Следуваат години со успешна и плодна работа за Македонија. За иднините генерации да наследат Македонија посовршена од тоа што сме наследиле ние. Честит Илинден, велат од партијата.

Претходна вестРекорден топлотен бран на Антарктикот, температурите значително повисоки од просечните
Следна вестСилјановска-Давкова: Мора да ги вложиме сите капацитети за да го спречиме иселувањето на младите