ВМРО-ДПМНЕ: Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи

Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие аферата „Броило“, која ќе покаже кои фирми блиски до функционерите на власт ги користеле кризите да направат милиони, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозоциска партија наведува дека додека Македонија тонела во енергетската криза „на некои компании им вртело броилото, ама не колку да платат, туку колку да го наполнат своето банкарско конто“.

-Народот треба да знае дека додека 12 илјади фирми затвориле, а уште илјадници не знаат како да ги платат сметките за струја во енерегетската кризи некои фирми блиски до власта профитирале од таа криза. Дезертерот Ковачевски и антимакедонската СДС да кажат кои се фирмите- кризни профитери кои заработиле во време на криза додека целото стопанство тоне а граѓаните осиромашуваат. Дезертерот Ковачевски и антимакедонската СДС да кажат кој и како им овозможил на овие фирми да ги добиваат ваквите бизниси?, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека скандалот „Броило“ ќе разјасни многу бизнис шеми за богатење на сметка на се посиромашните граѓани.

-.Скандалот „Броило“ ќе покаже зошто оваа власт преферира кризна состојба и зошто упорно влегува од една во друга, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестНе притиснаа до ѕид, мора да се бориме…
Следна вестВладата често гради патишта со соопштенија, а ретко со машини