ВМРО-ДПМНЕ: Анкетната комисија за канцер мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот

51

Анкетната комисија за канцер мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот. Аферата „Диво месо“ го јаде системот, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија наведува дека документите кои дојдоа до ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека ФЗОМ нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес.

-Лековите наместо кај болните, завршуваат надвор. Имено пациенти кои добивале лек, наместо да им биде аплициран во болницата за што им е наплаќано е изнесуван надвор. Скандалот со Онкологија не само што треба да биде расчистен, туку и треба да запрат злоупотребите. Одговорност мора да има, се наведува во партиското соопштение.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестВо бурата Кириан во Европа загинаа најмалку 16 луѓе
Следна вестВо Маврови анови ноќеска наврнале 87 литри дожд на квадратен метар, поплавени подруми во Дебар…