Црните рекорди на Венко Филипче продолжуваат. Во ситуација кога има повеќе од илјада лица починати и сме високо на листата по починати лица на милион жители мерката е јасна – Филипче да поднесе оставка, порача денеска опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа партија нагласуваат дека додека бројката на заразени се движи околу 30 проценти од бројот на тестирани во едно деноноќие, Филипче наместо да делува си тера пиар – носете маски.
-И додека Заев и Филипче се држат само до носи маска, државите во Европа спроведуваат многу конкретни мерки. Но, кај нас Заев и Филипче чекаат?! Така велат самите. Додека Заев и Филипче чекаат и си ги тераат бизнисите, граѓаните се оставени сами на себе. Ниту политичката Комисија за заразни болести, велат, не знае очигледно ништо повеќе од носете маски, се додава во партиското соопштение.