ВМРО-ДПМНЕ: Откако Спасовски е прв човек на полицијата, се случија стотина нерасветлени убиства

Додека Спасовски осум години е прв човек на полицијата, се случија стотина нерасветлени убиства, вели потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Што друго да се случи Спасовски да си даде оставка, посочи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прашањето дали двојното убиство во скопската чаршија има политичка конотација и каква е поврзаноста со крилата на криминалнизираните ДУИ и СДС.

Според Стоилковски се вратија деведесеттите, со Ковачевски како премиер, Груби како вицепремиер и Спасовски прв човек на полицијата се случуваат убиства низ градовите, се делат пасоши на криминалци, а наркотрафикантите седат до првите лица на Владата.

„Нема леб, скапи бензини, инфлација и многу убиства. Тоа е владеењето на Груби, Ковачевски и Спасовски“, рече Стоилковски.

Претходна вест„Тотал ТВ“ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години
Следна вестПушка, делови од оружје и муниција пронајдени при претрес на дом во Каменица