ВМРО-ДПМНЕ: Едностраната изјава за јазикот дадена од МНР е предавство на нацијата

Едностраната изјава за јазикот дадена од МНР е негација на македонскиот јазик и предавство на нацијата, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во обраќањето на најголемата опозициска партија се наведува дека изјавата дека македонскиот јазик е јазик кој се заснова на територијата на денешна Република Македонија е груб фалсификат на научната вистина.

-Македонскиот јазик е јазик кој се заснова и на неговите дијалекти кои се простираат и надвор од Република Македонија. Ова е став на официјалната наука и како таков македонскиот јазик е признаен и од ОН. Дијалектното простирање на македонскиот јазик ги надминува државните граници. Македонскиот јазик е жив јазик и тој се проучува на голем број филолошки катедри низ светот. Власта со ваквата изјава го негира и сака да ја изврти научната вистина. Дополнително историјата на македонскиот јазик не почнува од 1944 година, кога е кодифициран, туку многу пред тоа. Тоа не го кажува ВМРО-ДПМНЕ тоа е наука и становиште на науката кое е докажано, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека за овие предавства ќе има одговорност.

-Ковачевски ќе одговара за носењето на државата во подредена положба, додаваат од таму.

Претходна вестХеликоптер интензивно го гасне пожарот во Беровско, има индиции дека е подметнат
Следна вестИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум, за СДСМ тоа е исполнување на желбата на Мицкоски