ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже што тој преземал за да се намали бројот на починати лица 

Граѓаните не се виновни затоа што Венко Филипче ништо не презема за да се намали смртноста – порачуваа денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа партија наведуваа дека  Филипче наместо да работи за намалување на смртноста и бројот на починати лица од Ковид, глуми портпарол на министерството за здравство.

Филипче да каже што преземал тој лично за да се намали бројот на починати лицаНаместо да се запраша што тој направил за подобро справување со Ковид, тој ги обвинува граѓаните. Филипче да излезе и да каже зошто го преспа летниот период и не направи ништо во насока на зголемување на болничките капацитети, иако за тоа имаше повеќе од доволно време. Нема изговор, затоа што тој и неговата владата потрошија 1 милијарда евра во како што велат справување со Ковид и последиците од него, каде се тие пари и на што се потрошени?! Наместо да го подготви медицинскиот кадар со ротационен систем со цел обучување на поголем број на кадар за справување со Ковид Филипче се впушти во политичка кампања, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче знаеше дека доаѓа есенски бран, кој ќе биде многу поголем и поинтензивен од пролетниот, но не направи ништо за да се подготви системот во насока на справување со истиот.

-Власта и Филипче имаа доволно време да се подготват за справување со Ковид кризата, но тоа не го направија, затоа што беа фрлени на поткуп, а здравјето на граѓаните им беше на последно место, порачуваат од партијата.

Претходна вестЛевица: Време е Филипче да си даде оставка и да престане вината да ја префрла кај народот
Следна вестВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива и Левица бараат формирање на посебна комисија за справување со пандемијата