ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравствените власти се тотално изгубени среде епидемијата на вирусот

Здравствените власти предводени од Венко Филипче се тотално изгубени среде епидемијата со коронавирусот, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозиционерите предупредуваат дека Македонија бележи нови црни биланси во однос на заразата.

-Во последното деноноќие се евидентирани 25 нови заболени и тројца починати. Со овие нови случаи бројот на вкупно заразени се искачи на 2.039, а на починати достигна 113 лица. Македонија е црн рекордер во регионот. Македонија е на врвот по починати на милион жители и заразени на милион жители, a е на дното по извршени тестирања, стои во соопштението.

Во него се нагласува дека на СДСМ не им е битно здравјето на граѓаните, туку битно им е како да го спасат Заев од дебакл на изборите.

-Поразот им е неминовен и тоа самите го знаат. Сега се обидуваат само како да го ублажат, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестСе отвораат рестораните, дали државните и градските административци пак ќе бидат најчестите гости?
Следна вест461 лице направиле прекршок со неносење заштитна маска