ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ пребројуваат: Има ли непослушни пратеници во спротивниот табор?

Постојат ли пратеници во владеачката партија СДСМ и во опозициската ВМРО-ДПМНЕ коишто нема да ги поддржат уставните промени или ќе гласаат за нив? Околу ова двете најголеми македонски партии изминативе денови војуваат со соопштенијата. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМЕ објави дека најмалку 10 пратеници од власта нема да гласаат за уставни измени со цел да се внасат Бугарите во македонскиот Устав.

-Димитар Ковачевски да излезе и да го покаже документот колку пратеници од СДС не му се потпишале дека ќе гласаат уставни измени, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ

Ова партија трвди дека откако обелодени за пратеници од СДС кои не се согласуваат со политиките за уставни измени, Ковачевски ги свикал на групна координација, при што побарал да потпишаат и документ дека ќе безусловно ќе поддржат уставни измени, до што не дошло затоа што споменатите пратеници не се согласиле.

-Залудно е префрлањето на топката во туѓ двор, кога Ковачевски не може да си го среди својот. 3 пратеници од 1 и 2 ИЕ му кажале дека нема да поддржат Уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста констатирале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која може да ја направат. Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен. Иста е состојбата и во ДУИ, каде еден пратеник барал пари за да гласа. И СДС и ДУИ движат кон ќорсокак и затоа нервозата од ден во ден се повеќе расте, се вели во соопштението на оваа партија.

Наспроти ова, од СДСМ одговараат дека пребројувањето треба да се изврши во ВМРО-ДПМНЕ.

-Броеше Христијан Мицкоски 61 пратеник кои ќе гласале за распуштање на Собранието, но во реалноста Собранието не само што не се распушти, туку парламентарното мнозинство се зголеми. Сега, кога државата влегува во клучен период за евроинтеграциите, Мицкоски треба да ги преброи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се подготвени да дадат поддршка на уставните измени. Знае и Мицкоски како што и целата јавност знае дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат на државата, кои не се согласуваат со анти-европскиот став на Мицкоски и се подготвени да ги поддржат сите чекори. Изолиран и во целосно заложништво на Левица Мицкоски го чекаат нови порази, велат од СДСМ.

 

 

 

Претходна вестСаботно дивеење по скопските улици: Казнети 210 возачи, секој втор за пребрзо возење
Следна вестСпасовски: Група македонски државјани испраќала лажни дојави за бомби во училишта и други објекти