ВМРО-ДПМНЕ: Именување на Фрчкоски за амбасадор во ОOН е срам за Македонија

Назначување на Љубомир Фрчкоски за македонски амбасадор во Обединети нации е срам за Македонија, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштение на најголемата опозициска партија се потенцира дека ова е нова девалвација на Македонија како држава.

-Фрчковски е контроверзен лик кој во 2001 година заговараше бугарски и грчки војски да интервенираат против македонските Албанци, или како што рече „можеби ние ќе зборуваме бугарски, ама Албанците ќе пливаат кон Италија“. Човекот кој им порачуваше на Албанците дека ќе завршат во Јадранско море, а Македонците дека ќе зборуваат бугарски, Пендаровски со указ го назначи за ополномоштен амбасадор на Македонија во Организацијата на Обединети Нации, се наведува во партискиот став.

Во соопштението се потсетува и на други скандалозни работи кои се врзуваат за името на Љубомир Фрчкоски.

-Фрчковски кој ги тепаше граѓаните во Тетово, во чиј мандат се случи атентатот на Глигоров, кој издаваше наредби за прислушкување, кој дозволуваше кршење на ембаргото кон Србија и шверц, кого го одбија како предлог за амбасадор во САД, сега Пендаровски го испраќа во Обединети нации. Ова е срам за Македонија. Колку што е срам за Фрчковски уште поголем срам е за Ковачевски и Пендаровски кои ова го овозможуваат. После се чудат зошто никој не ја есапи сериозно Македонија. Епа заради нивните авантури со именување контроверзни ликови на најзначајни позиции во дипломатијата сме на ова дереџе, потенцирата од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестПендаровски: Голем е потегот на Србија да ни даде пченица и пченка
Следна вестГрадот Скопје со хуманитарна помош од 112.000 евра за граѓаните на Украина