ВМРО-ДПМНЕ ја прифaти иницијативата за амнестија на осудените за 27 април, ќе поднесе предлог за целосно ослободување

ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за предлог-закон за амнестија за настаните од 27 април што ја иницираа неколкумина скопски адвокати и ќе го поднесе предлог-законот во Собранието.

Адвокатот Јанаки Митровски, кој е едне од иницијаторите, во својот статус на социјалните мрежи објави дека текстот на предлогот е усогласен.

-Првичниот наш текст е подобрен, во консултација со нас тргната е одредбата од 50 проценти и се оди на целосно ослободување од казна. Текстот е подобрен од страна на пратениците и со тоа што се остава можност секој амнестиран да се жали дека не прифаќа амнестија доколку е тоа негова желба, со оглед на фактот дека еден до осудените јавно прокламира дека не сака амнестија, што мора да се почитува, потенцира Митровски.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, денес во Собранието на Република Македонија ќе поднесе Предлог на закон за амнестија на овие лица.

-Многу важно е да се напомене дека овој Предлог на закон е само продолжение на претходниот Закон за амнестија кој е донесен во декември 2018-та година, но со една голема и суштинка исправка, а тоа е надминување на селективноста и селективната правда која што произлегуваше од законот донесен во 2018-та година. Напоменувам, со овој закон ќе бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27 април, без исклучок, потенцира тој.

Пратениците од опозициската партија ги повикаа своите колеги од владејачкото мнозинство да го поддржат законот. Доколку не го сторат тоа, ќе покажат и докажат дека, како што рече Мицевски, „за нив селективноста е на прво место, а владеењето на правото и правдата ги нема никаде“. Мицевски истакна и дека дале поддршка на адвокатите двата процеси да одат паралелно, односно да се чека одлуката од Врховниот суд по барањето за вонредно преиспитување на пресудата и носење на закон за амнестија.

Претходна вестВо Далас загрижени, Дончиќ повторно се повреди
Следна вестМакедонскиот јазик трајно ги спои Сила од Турција и Миколај од Полска