ВМРО-ДПМНЕ: Како шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на вносен бизнис?

Очигледно криминогеноста е главна врска на СДС и ДУИ во владата. ДУИ и Груби наместо нервозно да реагираат треба на јавноста да и објаснат како тоа шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на фирма за баждарење на бензиски пумпи Метролаб и истата таа фирма 4 месеци од нејзиното формирање добила акредитација од Бирото за метрологија раководено од Мерита Мустафи?, кадар на ДУИ, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Како сопственикот на оваа фирма која влегува во вносен бизнис останал да работи уште извесно време како шалтерски работник во туристичката агенција на Груби? Дали Груби стои зад оваа опрација, а неговиот вработен е само параван?

Дополнително нешто кое што треба Груби и ДУИ да го одговорат е како истата таа директорка на Бирото за метрологија Мерита Мустафи се секнала со луксузна хациенда на Попова Шапка со големина од 150м2 и истата не ја пријавила во анкетен лист? Како со чиновничка плата некој во Македонија може да се стекне со таков луксуз и зошто притоа тој луксуз не го пријавила? Дали не е пријавен тој имот затоа што тешко може да се докаже како е стекнат?

Ги повикуваме надлежните институции да го проверат целиот овој октопод кој се врзува со Артан Груби. Ковачевски очигледно молчи и се плаши било што да прокоментира, бидејќи функцијата му е дадена под кирија. Одговорност за криминалите на оваа власт на ДУИ, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестКазнети 19 пијани возачи, 64-ца возеле пребрзо
Следна вестМаричиќ од скромност му нуди на ВМРО-ДПМНЕ разговор надвор од очите на јавноста?