ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски бега од соочување со народот

Премиерот Димитар Ковачевски не нуди рационално објаснување зошто бега од референдум и на ваков начин тој оди со главата во ѕид, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Ковачевски.

-И денеска Ковачевски оди со глава во ѕид против народот, без да понуди едно рационално објаснување зошто бега од референдум. Ако е сè како што кажува Ковачевски, тогаш нема причина да се плаши за своите политики. Но очигледно Ковачевски е свесен дека народот е против асимилацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување со него, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија обвинува дека со бегање од референдум, премиерот покажува дека не му е важен ставот на народот и го множи со нула.

-Тој треба да биде свесен дека со ваквиот однос кон народот тој самиот ќе биде нула и на референдумот и на следните избори, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ

Претходна вестКовачевски: Барањето за референдум е нерелевантно
Следна вестМаж се удави во Охридското езеро