ВМРО-ДПМНЕ: На 2 ноември, Скопје ќе избере човек со визија – Орце Ѓорѓиевски

7

Скопјани на 2 ноември ќе го направат вистинскиот избор и ќе изберат човек кој работи за граѓаните – човек со визија и резултати, Орце Ѓорѓиевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека со водството на Ѓорѓиевски и стабилното мнозинство во Советот на Град Скопје ќе се постават темелите на промените што му се неопходни на главниот град.

„Поддршката што ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски ја добија од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест, но и голема обврска. Таа доверба е доказ дека граѓаните го препознаваат трудот, резултатите и конкретните проекти реализирани на локално ниво во Кисела Вода, како и поддршката што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци ја обезбеди за развој на општините ширум државата,“ наведуваат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, мнозинството во Советот ќе донесе стабилност, подобра координација и побрза реализација на проекти – изградба на нови мостови, повеќе зелени површини, почист воздух и ефикасен јавен превоз.

Во соопштението се додава дека резултатите од првиот круг покажале сериозен пад на СДС со освоени околу 26.000 гласови, што, како што велат од партијата, е доказ дека граѓаните ја изгубиле довербата во нивното раководство.

„Разликата е јасна – ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи чесно, одговорно и транспарентно, со реални и остварливи ветувања за подобро Скопје,“ порачуваат од партијата.

„На 2 ноември изборот е едноставен – глас за Орце Ѓорѓиевски, глас за бројот 9, за вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина,“ стои на крајот од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестТАВ Македонија: Виз ер ги отвора новите 5 линии – Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од аеродромот во Охрид
Следна вестДрвја паднаа кај влезот на основното училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец