ВМРО ДПМНЕ: Над 60% Македонци ќе излезат на референдум

ВМРО ДПМНЕ се убедени дека над 60 проценти од Македонците ќе излезат на референдум, а огромно мнозинство ќе гласаат за поништување на Договорот со Бугарија.Ја повикаа СДСМ да собере храброст и да го прифати референдумот.

-А, со референдумот и предвремени парламентарни и претседателски избори. Ако власта верува дека тоа што гo прави е правилно и дека Договорот наидува на поддршка кај народот, тогаш зошто тактизира и не прифаќа соочување со народот?, прашуваат од партијата.  Антимакедонската СДС знае дека народ не ги поддржува нивните деструктивни политики и дека на изборите и на Референдумот ќе доживеат тежок дебакл.

Тие ја повикаа власта да, како што велат, го стави народот пред своите лични интереси, и да се охрабрат да излезат на избори.

Претходна вестНово кривично дело, екоцид: Казни дури и доживотни затворски
Следна вестАпасиев: Агенцијата за јазици си купила столици од 1200 евра како итни ковид мерки