ВМРО-ДПМНЕ: Нема да прифатиме договор со Бугарија, кој е штетен за Македонија

Нема да прифатиме договор со Бугарија кој е на штета на македонските позиции. Владата нема легитимитет да преговара, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Премногу е предавства од владата на СДСМ. Нема да прифатиме договор во кој нема да учествуваме како најголема политичка партија во Македонија. Преговорите не смеат да се водат на штета на македонските интереси, јазик, идентитет и историја, се наведува во партискиот став.

Паријата ја повика Бугарија да покаже европски вредности, и да го тргне ветото, за Македонија без одложување да ги почне преговорите со ЕУ.

-СДСМ не знае како да ја води државата. Со СДСМ Македонија ниже само понижувања“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се повикува на протестот за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред Владата.

Претходна вест223 казнети возачи во Скопје, 35 возеле пијани
Следна вестПодметнувачот на пожарот во бугарскиот клуб стигнал со велосипед и носел маска