Неспособноста и криминалот на антимакедонската влада на Ковачевски го клекнаа на колена енергетскиот систем во Македонија, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ
Во ставот на најголемата опозициска партија се наведува дека тендери во четири очи и криминалот за набавка на електрична енергија, празнење на акомулациите, уништувањето на РЕК Битола се директна последица за ценовниот шок кои го чувствуваат граѓаните, но и економијата во државата.
-За 50 проценти се зголемени сметките за електрична енергија за домаќинствата, додека и за над 400 отсто сметките за струја на компаниите. Коморите и бизнис секторот секојдневно упатуваат апели до владата за помош за справување со енергетската криза, но од владата молк. Над 5.500 правни субјекти ги затворија своите бизниси поради неспособноста на криминалната власт. Додека владата се богати, народот се повеќе осиромашува. Граѓаните не знаат како ќе ја пребродат оваа зима, токму заради високите сметки за струја, а владата најавува дека и од јануари граѓаните треба да очекуваат ново поскапување на струјата, се потенцира во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ предложи план за ублажување на енергетската криза, но од владата категорично го отфрлија заради нивни хир, со оправдување дека имаат начин за справување со оваа криза.
-На граѓаните им е јасно дека оваа влада е неспособна и нема план за излез од кризата. Антимакедонската СДС единствено гледа само како да наместат некој тендер, и како повеќе да украдат на грбот на граѓаните. За многу скоро ова неодговорно работење ќе заврши. Граѓаните на следните предвремени избори ќе го казнат ова неодговорно работење на антимакедонската СДС и ДУИ, став е на оваа партија.