ВМРО-ДПМНЕ: Нов долг од 100 милиони евра кој ќе го плаќаат граѓаните

Електрани на Македонија со нов долг кон ЕБОР од 100 милиони евра за покривање на криминалот кои оваа неспособна и криминална власт на СДСМ и ДУИ го прави во ЕЛЕМ, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на најголемата опозициска партија се наведува дека тоа задолжување ќе го плаќаат граѓаните со нови повисоки сметки за струја.

-Наместо инвестиции во енергетика изминативе неколку години власта го опустоши електро енергетскиот систем во Македонија, па сега во време на кризи мора да се задолжува за да има за плати за работниците и ликвидност на претпријатието. Пред само неколку месеци ЕЛЕМ доби над 175 милиони евра од страна на Владата кои сега не им се доволни, бидејќи тие пари завршија во џебовите на функционерите на СДСМ и ДУИ, се наведува во соопштението.

Се укажува дека ова е последица и на огромната плачка која ја направи премиерот Димитар Ковачевски и фамилијата Заеви во РЕК Битола, преку криминалните тендери, за кои граѓаните беа сведоци.

-Овие заеми од страна на Електрани на Македонија директно ќе удрат по џебот на граѓаните. Веќе криминалната влада најавува нова, повисока цена на електричната енергија, а со овие нови задолжувања тоа покачување може да биде и драстично поголемо. Неодговорното и расипничко владеење на владата на СДСМ и ДУИ го чувствуваат граѓаните на свој грб. Криминалот на владата на Ковачевски мора да биде казнет, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестРаспишан референдум во Јужна Осетија за припојување кон Русија
Следна вест162 санкционирани возачи во Скопје, 20 возачи на мотоцикл