ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Левица и СДСМ ја прошириле коалицијата и во другите општини

И на други општини проширена е коалицијата на Левица и на СДСМ која, како по правило, не дава поддршка на буџетот во општините кај што градоначалниците со од ВМРО-ДПМНЕ, обвини денеска најголема опозициска партија.

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ наведува дека ова покажува дека коалицијата од градот Скопје се префрла и во други општини. Таков е примерот и со општина Прилеп кај што советниците на Левица и СДСМ одбиле да дадат поддршка на буџетот за 2023 година со кој се предвидува рехабилитација на 50 улици, изградба на кружен тек во центарот на Прилеп и катна гаража. Советниците на Левица и СДСМ беа против изградба на доводен цевковод во село Канатларци, но и против други проекти во интерес на граѓаните.

-Колку и да глумат, координирана активност во советите во другите општини ги издава. Не даваат поддршка на изградба на западен булевар во Гевгелија, а во Охрид не даваат подршка на реконструкција на улици, 15 детски игралишта, 2 мултифункционални игралишта, а беа и против нова опрема и механизација за јавните претпријатија. Во Бутел не дадоа поддршка на уредување на кејот на река Серава, а во Свети Николе не дадоа поддршка на дваесет милиони за нови улици, водоводи и канализациски системи. Во Аеродром сложно одбија да дадат поддршка на нови детски градинки и паркови, а во Велес не беа за инвестирање на 1,5 милиони евра во нови улици и патишта, соопшти ВМРО-ДПМНЕ,

ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека „очигледно лепакот на Тачела коалицијата во Скопје се проширил и во другите места“.

-Развојните буџети во општините не им чинат ама затоа им чини ортаклукот во Скопје и скопските јавни претпријатија. Оваа коалиција е деструктивна и не работи во интерес на граѓаните, потенцираат од оваа партија.

Претходна вестЕдно лице загина при судир на автобус и возило во близина на клучката кај Три Чешми
Следна вестЕгзодус во Косово, за пет години 25.000 лица се откажале од косовското државјанство