ВМРО-ДПМНЕ: Остро го осудуваме сквернавењето на македонското знаме, санкции за оние кои го кршат законот

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден.

-Истовремено реагираме на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи зад кои веруваме дека има и политичка позадина и кои преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се додава дека законот мора да се почитува од сите подеднакво и очекуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои го кршат законот.

-Криминалните банди кои 20 години ги ограбија институциите и сите граѓани независно од етничката припадност, денес со овој однос покажаа дека за нив националните знамиња не се ништо друго освен обвивка со која мислат дека ќе избегнат кривична одговорност. Правдата доаѓа, а овие реакции се најголема потврда за нивниот страв. Ги повикуваме граѓаните, како и во минатото кога имало вакви обиди, да останат достоинствени и мудри бидејќи ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестПриватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на на советот на Град Скопје
Следна вестМакедонија со пораз од Шведска стартуваше на Европското првенство 2024