ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите за рацете во медот

Паднаа маските. Се видоа лагите и клеветите на Данела Арсовска за пречистителната станица, и се потврди коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ и Левица, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија во соопштението укажува дека Владата го потпишува договорот со ЕИБ за грант на пречистителна станица во Скопје, проект во кој беше вклучен Златко Перински како директор на ЈП „Водовод и канализација“.

-Ќе потсетиме дека овој проект од капитално значење за скопјани беше директно саботиран од Данела Арсовска и СДС лажно манипулирајќи дека е криминален, и дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се со рацете во медот, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ посебно потенцира дека потпретседателката на ЕИБ Павлова потврди дека се работи за кристално чист проект и дека „се мина како во добар ред и има зелено светло за „Водовод“ да го потпише договорот“.

-Денес Арсовска присуствуваше на истиот проект поради кој го разреши Перински без никаков основ. Арсовска се однесува како да има колективна амнезија на сеќавањето. И сега откако го одобри истиот проект, ќе се прикажува како за спасител на проектот кој го саботираше. Паднаа маските. Се видоа лагите и клеветите на Арсовска за пречистителната станица, и се потврди коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ и Левица. Денес со Владата и СДС таа срка од истиот мед за кој говореше, но останаа груба дамка манипулациите и жестоките лаги кон претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Златко Перински. Од лагите остана медот и срамот за Данела и владата на СДС, за народот пречистителна станица. Најмалку што може денес Арсовска и СДС да направат е да се извинат за лагите кон Мицкоски, Перински и ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска рекла, Арсовска порекла. Арсовска си срка тоа што плукала, потенцираат од оваа партија.

Претходна вестНајголемата колекција на човечки мозоци се наоѓа во Данска
Следна вестМалолетник обвинет за тероризам, испраќал заканувачки пораки