ВМРО-ДПМНЕ: Платформата на ДУИ не е прифатлива – намерно создаваат меѓуетнички поделби

104

За владеачката ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива т.н платформа на ДУИ за меѓуетнички легитимитет и озаконување на принципот за колицирање „победник со победник“ преку автентично толкување на Рамковниот договор.

Од партијата ги обвинуваат интегративците дека намерно создаваат етнички поделби, само поради тоа што не се повеќе дел од власта.

„За ВМРО-ДПМНЕ не е прифатлив рекетарскиот принцип кој што е застапуван од ДУИ, а тоа е ако не сме во власта за да крадеме тогаш ќе создадеме етнички прашања и поделби. До пред месец и половина ДУИ беше власт заедно со СДС и тогаш на Али Ахмети не му беше важна регионалната поделба на Македонија, како што му беше важно „Арберија“ да ги добива тендерите на Артан, внукот на Али да ја купува „Соравија“, или пак фирмите подизведувачи на „Бехтел и Енка“ да се истите од Зајас или блиски до ДУИ“, порача портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Од ДУИ пак веќе ангажирале експертски тим кој го предводи еден од авторите на Охридскиот договор Пол Вилјамс, чија здача е да скори платформа, која треба да обезбеди почитување на волјата на гласачите преку етнички легитимиет во интитуциите. Канал 5 побара одговор од ДУИ дали во рамки на декларацијата се разгледуваат и модели за поделба на Македонија по региони, по примерот на Белегија и Северна Ирска, но од таму посочија само дека се надеваат оти американските правни експерти ќе предложеле платформа за надминување, на како што велат, сегашната криза на нелегитимна и моноетничка влада во земјава.

Дел од аналтичарите во ваквите барања на интегративците пепознаваат само обид да се задржи членството во партијата. Според Љуљзим Фаризи токму ДУИ тврделе дека Охридскиот рамковен договор во целост бил исполнет и дека ваквата нивна платформа е спротивна на нивните досегашни ставови, и не ги гледа придобивките од неа.

Од „Вреди“ се на став дека ваквиот потег на ДУИ и таканаречената платформа е во насока на заштита на криминалот на инегративците. Обвинуваат дека партијата на Ахмети подготвува амбиент за оспорување на придобивките на Охридскиот договор и дека од една ваква палатформа не може да призлезе ништо добро.

Претходна вестНормализирано е влегувањето во Грција преку премините Евзони и Дојрани откако на кратко паднал системот на грчка страна
Следна вестСкопјанец си ја истепал сопругата, а потоа со неговиот брат и се заканувале