ВМРО-ДПМНЕ: Помирувачот помеѓу СОНК и Владата е десна рака на министерката за труд, ова е измама

Помирувачот помеѓу СОНК и Владата е десна рака на министерката Јованка Тренчевска, ова е измама, власта ги понижува наставниците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика. Тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е Владата, односно Ковачевски и Тренчевска“, се наведува во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СОНК е во подредена полжба, а наставниците се деградирани и понижени.

„Владата го прекрши Занонот за мирно решавање на споровите. Владата лаже за ветеното покачување. Вистинско покачување на платите е кога ќе бидат исполнети барањата на СОНК, а останатото е притискање на наставниците да ги прифатат условите на власта“, посочуваат од опозициската партија.

Претходна вестМВР започнува со чествување на Денот на полицијата
Следна вестБилетите за ЕП пуштени во продажба, Македонија може да се гледа за 40, 65 или 80 евра