ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста и криминогеноста на СДСМ и Ковачевски граѓаните ќе плаќаат по 1.000 денари повеќе месечно за струја и парно

Со СДСМ и премирот Димитар Ковачевски народот ќе плаќа сѐ поскапи сметки, а снабденоста со енергенси и топлинска енергија е под знак прашалник, и поради  Ковачевски народот ќе плаќа поскапо парно и струја, над 1.000 денари повеќе секој месец за струја и парно греење, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија наведува дека со одлука на РКЕ на Марко Бислимоски, поради неспособноста и криминогеноста на Ковачевски, парното поскапува за 15 отсто.

-Со тоа домаќинствата со двособен стан ќе плаќаат над 300 денари повеќе секој месец за затоплување на нивните домови. Ковачевски не обезбеди евтин енергенс, како што тоа го направија другите европски држави.  Претходно пред само еден месец заради истите причини се покачи цената на струјата, за околу 18% за најголемиот број домаќинства, и 138% за тие кои се греат на струја. Заради Ковачевски секое нормално домаќинство плаќа скоро 1.000 денари повеќе за струја, а тие што се греат на струја допрва ги очекува шок за време на грејната сезона, потенцираат од опозициската парија

ВМРО-ДПМНЕ укажува дека струјата, исто како и парното поскапи, затоа што власта е неспособна и краде.

– Државата стана целосно зависна од увоз на скап јаглен, мазут не е набавен, а хидропотенцијалот не се менаџира правилно, сето тоа допринесува за над 1 терават часови помало производство на годишно ниво сега за разлика од кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата. А, за да се надомести тоа се одвојуваат милиони за скап увоз, се додава во соопштението.

Претходна вестСончево и топло, попладне невреме
Следна вестСДСМ: Мицкоски и Апасиев станаа едно, здружени против ЕУ