ВМРО-ДПМНЕ: ПР финти од типот на коњици не им поминуваат кога се срамат името Македонија да го споменат

Народот и сега како и целиот овој период е сплотен цврсто и бара силно национално единство зад националните и државните интереси. Власта е таа која што го игнорира својот народ, го понижува и се обидува да го раздели. Насилните обиди на власта да направи уставни измени удираат во ѕид, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најгоелмата опозициска партија наведува дека нема да дозволи уставни измени под бугарски диктат кои немаат врска со Копенхашките критериуми и се газење на достоинството на својот народ.

-Македонија бара фер шанса како и сите останати земји кои пристапувале кон ЕУ, а не преговори обременети со историски наративи и притисоци. Македонија бара институционални европски гаранции дека европскиот пат ќе биде предвидлив, а не подвижна цел која постојано ќе ни бега заради апсурдни ретроградни барања на Бугарија. Оваа власт за жал ниту кога преговараше, ниту кога прифаќаше не изгради национален и државен консензус. Сега сака тоа да го наметне како свршен чин кој Македонија треба да го прифати без поговорно, се наведува во соопштението.

Се додава дека ова власт пропушти толку многу подадени раце од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пропушти толку шанси да избори подобри позиции за Македонија. Сега преостанува само што побрзо да го стават ова прашање на пленарна седница и да се соочат со реалноста дека немаат ниту мнозинство. После тоа следен логичен чекор ќе бидат избори. ПР финти од типот на коњици не им поминуваат. Кога се срамат името Македонија да го споменат или пак да кажат дека Илинден е македонско востание, уште три коњици да организираат нема да им поминат. Прочитани се, а наскоро и ќе бидат казнети, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Претходна вестУжасот на војната: Речиси 50.000 Украинци изгубија еден или повеќе екстремитети поради војната
Следна вестДачиќ: Ако нема Срби во Бугарија, нема ни Бугари во Србија