Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип: Државни ресурси користени за партиски спотови на СДС

Од ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип реагираат на, како што велат, директно користење на државни ресурси во полза на СДС. Според соопштението, во текот на работното време и со државни возила, вработени од општината учествувале во снимање партиски спотови на СДС и Драган Анастасов – Ладич.

„Сигурно и со општински пари?! А најиронично од се – сето ова се случува додека е во тек наставно-воспитниот процес и децата се на училиште,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип.

Тие додаваат дека користењето на службени возила и државни ресурси за партиски цели ја доведува во прашање транспарентноста, одговорноста и ветените европски вредности на актуелната власт.

„Одвојување на партијата од државата? Да, ама на државните ресурси, директно во корист на СДСМ и Ладич,“ истакнуваат од партијата, нагласувајќи дека ваквите практики се спротивни на европските стандарди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Муцунски: Значаен исчекор во економската соработка со САД

Стратешкиот дијалог со САД предвидува низа мерки за унапредување на меѓусебните односи, истакна Муцунски од Њујорк

Следна објава

Штип доби нов затворен базен, исполнето ветувањето, истакна Ристовски