ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставен суд за дадениот мандат на Заев

ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе уставна иницијатива во однос на врачувањето на мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од страна на претседателот Стево Пендаровски. Ова го најави партискиот портпарол Димче Арсовски.

-Во моментов можам само да ви откријам дека од тоа што го размислува ВМРО-ДПМНЕ и за коешто многу набрзо ќе има конкретен одговор е дека размислуваме за поднесување на уставна иницијатива. Бидејќи во моментов Стево Пендаровски го узурпираше мандатот доделувајќи му го на еден пратеник, ист како и 119 други пратеници коишто се во Собранието, Зоран Заев којшто нема мнозинство, му го додели мандатотот и практично го узурпираше се со цел да му даде повеќе време, дваесетина дена да купи време за да може на непринципиелен начин да се обиде да народски кажано „лови пратеници“ од остатаните листи коишто партиципираат во Собранието со непринципелни методи.

Секогаш кога ќе биде прекршен Уставот, Уставниот суд е должен да излезе и да го заштити уставот, така да размислуваме за уставна иницијатива и многу набрзо ќе се знае конкретниот чекор во однос на поднесување на истата, истакна Арсовски.

Претходна вестКриел во камион 43 мигранти, пробал да побегне од полицијата
Следна вестПочинаа 4 пациенти на 54, 55, 69 и 70 години, новозаразени се 141 лице