ВМРО-ДПМНЕ: Рејтинг на Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди

Рејтинг на Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди, откако доби милион евра во тендери и бизнис од 10 милиони евра од власта на СДС, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Владеачка партија во своето соопштение наведува дека Рејтинг на Спасов беше единствена агенција според која СДС водеше, дури и кога катастрофално губеше, сега гледаме и зошто.

-Нема друга агенција за мерење на јавно мислење која толку длабоко била влезена во бизниси со поранешната власт. Добиените милиони очигледно се мотив плус да се води ПР-от на СДС, кој се темели на лажни вести и клевети. СДС одамна го испушти кормилото, па мора да препушта ПР да им водат агенции како Рејтинг кои ги чинеа милиони додека беа на власт. Очигледно е дека ништо не е сменето во таа партија, се наведува во соопштението.

Претходна вестЃуретановиќ по настапот на ЛОИ: Пред самата трка имав малку трема, моите години го направија своето, ова е големо искуство за мене!
Следна вестРасте бројот на абортуси, најмладата пациентка имала само 13 години