Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повеќе не е политичка партија, туку шоу за имитација

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, основачот на марихуана бизнисот, е нервозен и не спие мирно ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, основачот на марихуана бизнисот, е нервозен и не спие мирно

Вчера СДСМ покажа дека не е повеќе политичка партија туку постепено се претвора во шоу за имитација, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На вчерашната прес-конференција, Каја Шукова, копираше кампањи кои се веќе видени во регионот, и за целосно да го долови штосот на СДС преку ова се обиде да ја искористи последната трагедија во земјата како повод за внимание и интерес.

Јасно е на сите дека е преземено од Србија, без никаква врска со македонската реалност, и потврда дека во СДС нема автентичност, креативност, идеја, визија, а ниту суштина.

СДСМ продолжува да го прави тоа што го знае најдобро, да копира и да следи туѓи формати од соседните земји.

Овој настап на Шукова е уште еден пример како старо-новото раководство на СДСМ создава спектакли кои никому не му будат доверба.

Од СДСМ повторно ја користат секоја трагедија за да соберат поени.

Темата за насилството врз жените е премногу сериозна за Каја Шукова и СДСМ да ја користат за вакви перформанси во пресрет на 8 март, ден кога треба да се зборува за вистинска поддршка на жените, за безбедност и еднаквост.

Жените во Македонија заслужуваат повеќе од некреативниот и ископиран ПР на СДСМ и копирани сценарија, и лица од партија кои се занимаваат со имитација на туѓ симболизам, напишаа од ВМРО-ДПМНЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Во Драчево прегазено 4-годишно дете, итно префрлено во болница

Маж и жена нападнале вработена во градинка во Тетово

Следна објава
Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика

Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика