ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прво да изјасни кој од двата услови го прифаќаат

За работните групи кои што СДСМ ги формира да имаат смисла, партијата мора да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив, во спротивно нема потреба од понатамошни преговори и губење на време, рече на денената прес-конференција меѓудругото пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Тој ги објасни двата предлога.
-Првиот предлог кој го даде претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски е: Преодна влада без ДУИ, излегување на ДУИ од сите ешалони, и уставни измени кои би стапиле на сила само на денот на членството на Македонија во ЕУ. И таа би добиле како држава гаранција дека и Бугарија ќе биде активно заинтересирана за наше вклучување во ЕУ, и дека Македонија ќе добие одредена извесност дека нема да има понатамошни бугарски ирационални блокади. Вториот предлог кој што го даде ВМРО-ДПМНЕ е предвремени избори оваа есен, при што дадени се три датуми за кои што СДС би требало да размислат кога би се одржале во септември или октомври, потоа да се обезбедат гаранции од европските институции за заштита на националните интереси на Македонија, со тоа што ќе се гарантира многувековниот идентитет, но истовремено ќе се дадат и осигурувања дека државата повторно нема да ги има секоја година ирационалните блокади од Бугарија, рече Милошоски.
Дополнително, после изборите новиот премиер на Македонија ќе побара и економски пакет за подобар стандард во државата од страна на Европската Комисија, кој што ќе значи припрема и на стопанството и на граѓаните за конкурентност во самата ЕУ.
-А, од Бугарија заради добрососедство би побарале исполнување на 3 пресуди од ЕСЧП во Стразбур кои што се веќе правосилни, по избор на официјална Софија. Така ќе докажеме дека кога говориме за добрососедство не говориме само за компромиси или концесии од страна на Македонија туку разговараме и за обврски кои што се меѓународно валидни и за Бугарија. После тие предвремени избори кој и да биде опозиција ќе има обврска да ја поддржува Владата и државата во овие чекори за интерес на Македонија и на нашата евроинтеграција. И двата предлози, и првиот и вториот напоменуваме опфаќаат детронизирање на ДУИ, бидејќи тие се 20 годишен вирус кој ги атрофира институциите со висока корупција и голема неефикасност. Формирање на работни групи би имало смисла само доколку СДС јасно каже, кој од овие два предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив, рече тој.
Според него, сите спинови околу уставните измени и нивно прифаќање под бугарски диктат се невистинити.
-ВМРО-ДПМНЕ напоменува и кон СДС и кон ДУИ во овие околности вакво диктирање на уставни измени нема да поминат. Доколку не веруваат нека ги преложат уште во понеделник во Собрание и ќе видат дека ќе доживеат неуспех. Затоа наместо СДС да свикува ИО и ЦО, и да формира работни групи кои што не би имале суштинска работа подобро е да прифати да се откаже од ДУИ и второ јасно да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ се за нив прифатливи, нагласи Милошоски.

Претходна вестЈовев: Не ми понудиле да бидам министер за здравство, но ако ми понудат би прифатил
Следна вестКовачевски: Работните групи се вистинскиот формат за договарање на сите детали меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ