Градоначалникот Петре Шилегов не престанува со скандалите, посочуваат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје во своето денешно соопштение.
-Најново е што во услови на тешка економска криза и во моменти кога се кратат плати тој преку претпријатието „Дрисла“ склучил јавна набавка за нови времени вработувања со што директно ја отвора вратата за нови партиски вработувања.
Од „Дрисла“ Шилегов претвора партиска канцеларија на СДСМ каде во овие тешки времиња сумата која ќе се издвои за таа намена е 8 614 000 денари или 140 илјади евра.
Непозната е бројката која ќе се вработи, но затоа сумата гарантира дека ќе се вработи добро платена работна сила. Овие партиски вработувања доаѓаат во време кога СДСМ и Шилегов бараат избори.
Со ова докажува дека ги злоупотребуваат институциите, а Шилегов во услови на криза преку „Дрисла“ прави партиски вработувања тешки 8 милиони денари или 140 илјади евра.
Потсетуваме дека пред една недела прво криеја, а потоа откако беа фатени во лага Шилегов и Директорот на „Дрисла“, Коста Начевски признаа дека ќе купат три џипа за потребите на директорот.
Прво се снабди со коли, а сега ќе трошат пари за партиски вработувања. „Дрисла“ нема зголемен обем на работа, а Шилегов дава зголемен буџет за нови партиски вработувања.
Апелираме до Шилегов да се откаже од набавката и склучениот договор, да ја поништи истата и да се пренаменат парите во решавање на проблемите на скопјани, стои во соопштението на опозиционерите.