Дебакл доживуваат сите мерки и политика на мафијата на власт, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија реагира на резултатите на неодамнешниот „Викенд без ДДВ“.
-„Викенд без ДДВ“ кој е целосно промашување. Наместо најавуваниот поврат на ДДВ од 17 милиони евра ќе се реализира само 1 милион евра. Тоа покажува дека мерката не беше доволно добро обмислена и избрзана, но истовремено покажува дека народот нема доволно пари поради драстичниот пад на стандардот, се потенцира во соопштението.
Најголемата опозициска партија смета дека со оваа „мафија на власт Македонија тоне од ден во ден“.
-Поради промашените политики Македонија имаше рекорден пад на економијата во вториот квартал од 12,7 проценти, бројот на невработени се зголеми за над 40 илјади нови лица, а долгот за само три месеци се зголеми за една милијарда евра. Неуспех до неуспех. Уште полоша е состојбата и на здравствен план во поглед на справувањето на државата со пандемијата. Македонија е црна точка, рекордер по смртност од корона вирусот. Мафијата на власт на чело со Заев покажа колку е неспособна кога се работи за потребите и интересите на граѓаните, но истовремено организирана и агилна кога се работи за криминал, корупција и лично богатење, се наведува во соопштенито на ВМРО-ДПМНЕ.