ВМРО-ДПМНЕ: Скопје е банкрот заради Арсовска, со ДУИ и СДС

Скопје е банкрот поради Арсовска, со ДУИ и СДС, кои ѝ ги гласаа финансиските програми, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека за ваквата состојба ќе мора некој да преземе одговорност.

– Јанчева како советник ги гласаше финансиските програми на Арсовска, без неа и нејзините колеги од СДС кои се под нејзина команда Арсовска немаше да може да ги оствари своите намери за криминални тендери.

Кога Јанчева ќе зборува за банкрот, нека се потсети дека нивниот директор на ЈСП потпиша 20 милионски тендер за набавка на гориво без рабат.

Очигледно е дека соработката меѓу Арсовска, СДС и ДУИ е блиска и силна, па така се што имаат можат меѓусебно да се информираат, наместо да ја замајуваат јавноста со своите криминали, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За ваквата состојба од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека некој ќе мора да одговара.

Претходна вест10 препораки на Владата за безбедност во училиштата: укинување на мобилните телефони, униформи, грижа за менталното здравје на учениците…
Следна вестСтуденти од балкански земји демолирале хотел во Охрид