Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со СДСМ скопјани од денес ќе плаќаат за 150 денари поскапо парно. Според нив поскапувањето е неоправдано бидејќи гасот денес е за три пати поевтин од лани.
– Фрапантно е објаснувањето на властите ЕСМ и РКЕ кои тврдат дека поскапувањето на парното е заради зголемените цени на гасот. Лага е дека гасот е поскап, веќе 9 месеци наназад, со завршување на грејната сезона 2022/2023 цената на гасот се стабилизираше на околу 50 евра за мегават, односно 550 евра за 1000 нормални метри кубни. Каде одат парите и по која цена ЕСМ купува енергенси? Криминогеноста на власта удира по џебот на граѓаните, народот е се посиромашен, и со секој ден повеќе СДС и ДУИ дополнително осиромашува, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што дополнуваат, гасот денес е за три пати поевтин од лани, но не и парното за скопјани.