ВМРО-ДПМНЕ: Спасов стекна бизнис од 10 милиони евра со СДС, дали затоа сега одработува за лажни вести

Спасов се стекна со бизнис од 10 милиони евра со СДС, дали затоа сега одработува со ПР за лажни вести, прашуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на владеачката партија се наведува дека Спасов од „Рејтинг“ во ек на власт на СДС доби одобрение за изградба на фотоволтаична централа од 2.18 мегавати.

-Фотоволтаичната централа на Спасов може да генерира приходи и до половина милион евра годишно. Во времетраење од 20 години фотоволтаичната централа на Спасов може да сврти и до 10 милиони евра. Дали фотоволтаичната централа со која Спасов се стекнал во време на СДС е причина за неговото одработување и ПР на креирање на лажни вести кој тој им го пласира, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестЦаринската управа заплени цигари, возила, облека…
Следна вестРасчистени шест тешки кражби во радовишко, сторителот приведен