Власта и опозицијата продолжуваат да се препукуваат околу сомнителните дејства на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака во Тетово.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот коалиционен партнер Али Ахмети договориле со Давидовиќ-Дака, кој е на црната листа на САД, изградба на 2.000 станбени единици, деловни простории и трговски центри,на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак во Тетово.
„За да не дојде до планираната бетонска џунгла во Тетово одобрена од СДСМ и ДУИ по багателна цена од 1,1 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше овој криминален проект на Дака”, соопшти партијата и нагласи дека ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




