ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Ковачевски и Ахмети има зад себе година со 365 скандали

Власта на Ковачевски и Ахмети има зад себе година со 365 скандали. Народот и стопанството осиромашуваа, а корумпираните функционери ги полнеа своите џебови, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во партиското соопштение се наведува дека се обезвреднуваше државен имот и се местеа тендери, се со цел луѓе блиски до власта да се збогатат.

-Над половина милион граѓани живеат во сиромаштија, оризопроизводителите, вработените во Македонски пошти, Колска и многу други компании не можеа да си го наплатат трудот, ама затоа Управата за водење матични книги дала тендер за дигитализација на компанија формирана непосредно пред распишување на јавната набавка. Ова беше година која ја одбележаа злоупотреби на службената должност и злоупотреба на народни пари, потенцираат од оваа партија.

Оттаму потестуваат на слуачјот со ген-секот на влада Мухамед Зеќири кој се товари за предизвикување на штета на државниот буџет во висина од скоро еден милион евра за сомнителна физибилити студија за приватизација на Пошта.

-За овој случај истрагата не се прошири да се види кој од претпоставените на Зеќири учествувал во ова дело, односно дали Заев или други министри го поттикнале делото, се вели во партиското соопштение.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека Македонија може и мора да има нова власт која ќе работи во интерес на граѓаните.

Претходна вестМакедонија и земјите од Западен Балкан од Брисел ќе побараат да ја одложи одлуката за плаќање седум евра за влез во ЕУ
Следна вестВучиќ: Србите ќе ги тргнат барикадите, ние немаме никаква верба во Курти