ВМРО-ДПМНЕ: Власта набавувала битумен 10 пати поскапо

Апашлукот на власта на СДСМ и ДУИ станува епски речиси по правило секогаш кога се случуваат одредени политички теми. Па така додека владата склопуваше предавнички протоколи, во исто време Јавното претпијатие „Македонија Пат“ набавило битумен по цена од неверојатни 12 илјади евра по цистерна битумен, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа опозициска партија наведува дека ако се земе предвид дека ЈП „Улици и Патишта“ користи сличен материјал, а го плаќа по 1.100 евра од цистерна битумен, тогаш  се доаѓа до фрапантни 11 илјади евра разлика.

-Ако само на една цистерна е направена неоснована разлика од 11 илјади евра, тогаш целата набавка изела неколку милиони евра. Повиканите институции молчат, молчи владата, молчи и обвинителството како е можно една цистерна битумен да биде 10 пати поскапа. Овој тендер отвора сомнеж за огромен криминал кој достигнува и до 4 милиони евра, се наведува во соопштението,

ВМРО-ДПМНЕ укажува дека оваа власт решила да ја докусури Македонија.

-Крадат и око не им трепнува. Секоја криза ја користат да наполнат приватни џебови и народот да го осиромашат. Колку повеќе крадат, толку повеќе се лепат за фотељите, мислејќи дека така нема да одгововараат. Но, се лажат. Наскоро ќе дојде времето за одговорност и за предавствата, и за понижувањата, и за грабежоти и за криминалот, обвинуваат од опозициската партија.

Претходна вестПрогноза на „Visual Capitalist“: Македонија до 2050 година ќе загуби 200.000 луѓе
Следна вестЕврокомесарот Вархеји се закани: Ова е момент за отрезнување на С. Македонија, зашто Албанија сега може да продолжи и сама