ВМРО-ДПМНЕ: Во ден кога Македонија бележи 125 новозаболени и 7 починати Заев зборува за избори

Опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ денеска укажува на патриските калкулации на СДСМ околу изборите на штета на здравјето на граѓаните на Македонија.

-Во ден кога Македонија бележи црни бројки од 125 нови заболени и 7 починати Зоран Заев зборува за избори на 5-ти јули. Тоа само покажува колку се одлепени од реалноста и СДСМ и Зоран Заев. Наместо прв приоритет да им биде здравјето и животите на граѓаните, тие прават партиски калкулации да се одржат брзи избори на кои би изгубиле помалку, макар и по цена на човечки животи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозиционерите, СДСМ поради неодговорното однесување и терањето кампања во време на епидемија создаде кластер од нивни функционери, а сега зборуваат за изборна кампања во која може да се заразат илјадници други граѓани на Македонија.

-Само од почетокот на јуни навака, откако Заев и СДСМ зборуваа за некаква лажна нова нормалност во Македонија има 1141 новозаразен и 31 починат. Крајно неодговорно и безобразно од страна на Заев и СДСМ, се додава во соопштението.

Претходна вестВладата не гледа зошто да се одложат подготовките за избори на 5 јули, Чулев единствен гласал против
Следна вестДр. Даниловски: Олабавувањето на мерките беше пребрзо, луѓето го сфатија како знак за крај на епидемијата