ВМРО-ДПМНЕ: Во новата година оваа влада ќе падне, за Македонија да се крене

Како што владееше цела година, СДС продолжува и во последниот ден од годината со лаги, клевети и манипулации. Добро е да се знае дека се што кажува СДС е лага, а дека тоа е така потврди и нивниот суд кој ја осуди за ширење на клевети врз лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија наведува дека „СДС е партијата осудена дека клевети од нивниот суд, а во новата година на дело ја објавија новата коалиција СДС, Левица, ДУИ која е позната по заедничкото гласање, блокадите и кочењата во општините Аеродром, Охрид, Гевгелија, Свети Николе, Бутел, Велес, Прилеп и многу други општини.

-Разбираме дека Мицкоски е најголема фрустрација на Ковачевски затоа што се спрема и политичка пензија за Ковачевски а тоа ќе значи избори, нова и одговорна влада. Во СДС има многу внатрепартиски проблеми а борбата е по функции, тендери и пари. Додека виси фотелјата на Ковачевски секој дефокус само им ги продлабочува проблемите. Наместо да се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ им препорачуваме на социјалдемократите да си погледнат во својот двор и многу повеќе да се занимаваат со државата каде има алармантни состојби и многу криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се вели дека „во новата година оваа влада ќе падне, за Македонија да се крене“.

Претходна вестСкопје без традиционалната новогодишна прослава, музичарите сами организираат забава на Плоштадот
Следна вестСДСМ: Топ 10 најголеми лаги на Христијан Мицкоски во 2022 година