ВМРО-ДПМНЕ: Во само еден ден нови 137 административци, а нема пари за студентски оброк и за лек за цистична фиброза

Потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на денешната прес-конференција ја обвини власта за како што рече расипничкото трошење. Според него доказ за тоа е фактот што само во еден ден власта објавува оглас за 137 вработувања.

– Полнење на администрацијата со партиска војска, во услови на криза во само еден ден 137 државни службеници. За буџетска плата и придонеси. Овие вработувања се дополнителен товар на земјоделците, дополнителен товар на работниците дополнителен товар на сите коишто се во реалниот сектор. Нема пари за студентите, нема пари за земјоделците, нема пати за лекови за пациенти кои протестираат пред здравство, ама има пари за партиската војска на СДС и ДУИ. Ова се огласи за 137 места со просечна плата од 30.000 денари за плата и придонеси. Тоа се речиси еден милион евра следната година за плати и придонеси за партиските вработувања на СДС и ДУИ сега, во очи на нова година, изјави Стоилковски.

Тој уште еднаш повтори дека решение за ваквата ситуација се предвремени парламентарни избори.

Претходна вестСкопски буџет тежок 114 милиони евра чека виза од градските советници
Следна вестЈП „Лајка“: Се шири кучешка чума, не е опасна по луѓето