ВМРО-ДПМНЕ: Врв на мизерија, Шаќири вели дека владата нема пари за учебници

Изјавата на министерот за образование дека нема пари за да се испечатат сите учебници за средно образование е доказ дека за СДС и ДУИ приоритет не е образованието и учениците, туку криминалните тендери на фирми блиски до власта, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од ова партија додаваат дека власта не е способна да го оддржи системот да функционира.

– Власта имаше пари да префрли над 1 милион денари на братот на Груби, а нема за учебници. Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници.

СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници.

Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците.

Власта не е способна да ги реализира работите заради кои всушност постои, како нормално и достапно образование, а сака по секоја цена да остане месец повеќе. Која е целта на владеењето, ако не се способни да го одржат системот, а не пак да го унапредат, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија додаваат дека се потребни промени.

Претходна вест152 санкционирани возачи во Скопје, 99 возеле пребрзо
Следна вестДелото „Мојот последен здив“ на легендарниот Луис Буњуел, ќе биде промовирано на 29-ти март во Кинотека на Македонија